ФОТО: Опцијата Find My Mobile на Самсунг сега функционира и офлајн

FOTO-Opcijata-Find-My-Mobile-na-Samsung-sega-funkcionira-i-oflajn.jpg

ФОТО: Опцијата Find My Mobile на Самсунг сега функционира и офлајн

Функцијата Find My Mobile на Samsung е исклучително корисна во случај да не можете да си го најдете мобилниот телефон, а со новото ажурирање, таа работи на уредите од семејството Galaxy и кога тие не се поврзани на интернет.

Фунцијата Offline finding ќе ја искористи мрежата на околните Galaxy уреди, нешто слично на функцијата Community Find што ја користат Tile трекерите кога се надвор од досег на Bluetooth. Ако е невозможно да се најде уредот со помош на WiFi и мобилна конекција, околните Galaxy уреди би можеле да го лоцираат.

Ако опцијата за офлајн следење е вклучена, вашиот мобилен ќе може да скенира други уреди, што значи дека ќе може да им помогне на други да си ги најдат изгубените мобилни, смарт-часовници или слушалки.

Функцијата не е вклучена по дифолт, а корисниците можат да ја вклучуваат и исклулуваат во нагодувања, како и да ја енркиптираат својата офлајн локација ако се загрижени за заштита на приватноста.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail