ФОТО: Oрганска фарма на покривот од највисоката зграда

farma1.jpg

Една неверојатна фарма никна на место каде што најмалку се очекува – на покривот на најстариот теговски центар во Израел во срцето на Тел Авив. Сокриена помеѓу високи згради, “Green in the City” е органска фарма која произведува 10.000 парчиња зеленчук месечно со употреба на органски и хидропонски методи.

Ова е вистински пример за урбано земјоделство и е една од многуте иницијативи за одржливо општество на трговскиот центар Dizengoff Center. Во овој трговски центар има и посебни живеалишта за птици, одгледувачница на дрвја, кошници со пчели, па дури и посебна пештера за лилјаци.

Според податоци на Обединетите нации, повеќе од 54% од светската популација живее во градови, а се очекува тој процент да нарасне на 66% до 2050 година. Предизвикот да се произведе доволно храна за зголемената урбана популација е една од причините за Green in the City.

Урбаниот земјоделски проект е креиран со цел да се подигне свеста на населението за кризата за храна, за да се произведат евтини органски производи за жителите на Тел Авив и на населението да му се покаже како сами можат да направат хидропонски градини дома.

Денес во фармата се одгледуваат 17 различни видови зеленчук и зачини во два стекленика кои зафаќаат вкупна површина од 750 квадратни метри. Растенијата растат многу брзо во отворите направени во парчиња стиропор затоа што има изолација на влагата и се блокира сончевата светлина. Во водата се внесува кислород преку воздушна пумпа и се следи нивото на киселоста и хранливоста. На овој начин растенијата растат двапати побрзо со употреба на многу помалку вода и земјиште и без валкање на околината.

Исто така, не се употребуваат пестициди и синтетички ѓубрива, но не се сертифицирани како органски поради законот во Израел кој вели дека за да се органски мора да растат во почва. Основната цела на Green in the City е да се промовираат урбаните фарми во Израел и подалеку преку едукативни работилници и посебни програми. На работилниците луѓето учат како да направат ваква фарма дома или како да готват свежи зеленчуци.

„Green in the City“ продава сè што ќе одгледа во рестораните и домовите во Тел Авив онлајн или се врши достава со велосипед. Дел од продуктите се продаваат и во трговскиот центар преку Honesty Stand, каде што се остава на луѓето што ќе земат нешто сами да одлучат дали треба да платат или не. Досега околу 80% од луѓето оставаат пари на штандот. Се планира изградба на вакви фарми и на други локации во Тел Авив.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail