Фото: Ова е новото „Ламборџини“

lam.gif

„Ламборџини“ ја претстави производната верзија на моделот „Хуракан Перформанте“, за кој европските купувачи ќе треба да издвојат по 195.040 евра.

lam1

На аросеријата на „Хуракан Перформанте“ можат да се видат детали кои потсетуваат на деталите карактеристични за тркачкиот модел на „Ламборџини“, „Хуракан Супер Трофео“.

lam2

Во однос на стандардниот „Ламборџини Хуракан“, „Перформанте“ е полесен за 40 килограми, што е резултат на користење на ултра лесни композитни материјали од кои се направени одбојниците, предниот и задниот спојлер, задниот дифузер, капакот на моторот и деталите во кабината, како и полесниот издувен систем.

lam3

Со активните аеродинамични компонентни, кои „Ламборџини“ првпат ги користи на стандаредн модел и централно поставениот атмосферски 5,2-литарски В10 мотор со 639 коњски сили и 600 њутн метри најголем вртлив момент, „Хуракан Перформанте“ oд 0 до 100 километри на час забрзува за 2,9 секунди и развива 325 километри на час.

lam5

Преносот на моќноста на задната осовина се врши преку ракалибриран седумстепен менувач со две квачила.

lam6

Почетната цена на „Ламборџини Хуракан Перформанте“ во Европа изнесува 195.040 евра, а првите примероци во продажните салони ќе стигнат на почетокот на летото.

lam7

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail