ФОТО: Oвој облакодер треба да ја спаси земјата од глобално затоплување

onlakoder1.jpg

Климатските промени забрзано влијаат врз секое парче од Земјата, но дали еден иновативен облакодер може да помогне да се намалат последиците? Heal-Berg е предлог за џинoвски облакодер во форма на санта мраз кој ќе треба да ги спречи, да ги отстрани ефектите на климатските промени со помош на некои од најзелените технологии во светот.

Овој предлог-проект неодамна доби посебно внимание на натпреварот Evolo Skyscraper. Футуристичкиот облакодер ќе лебди и ќе ја „лечи“ околината од климaтските промени. healing skyscraper1Според креаторите, дизајнот ќе користи четири критериуми за заздравување на животната средина. Првата мисија на дизајнот е да го исчисти воздухот во непосредна близина со помош на ласери, да го „фати“ јаглерод диоксидот и да го претвори во кислород.

Зградата ќе работи на зелена енергија со користење на осмотската моќ и енергијата на ветрот генерирана со аериоднамичниот дизајн на облакодерот. healing skyscraper2Што се однесува на зелените материјали за изградба, облакодерот ќе биде 3Д испечатен со помош на еден вид графен, кој е еден од нацврстите и најлесните материјали во светот.

Во зградата и во околината ќе има hyperloop, кој ќе обезбеди брз пристап и конективноста за жителите, а дронови ќе овозможат мобилност на цели станбени единици од различни комплекси. Според дизајнерите, овој „лековит“ облакодер ќе ги користи најиновативните технологии од целиот свет и ќе ги комбинира со една крајна цел – опстанок на човештвото.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail