ФОТО: Пронајден нов вид мајмун во Мјанмар

FOTO-Pronajden-nov-vid-majmun-vo-Mjanmar.jpg

ФОТО: Пронајден нов вид мајмун во Мјанмар

Нов вид мајмун, кој е претставен само со неколку стотици единки, е откриен во Мјанмар. Мајмунчето, обично, е долго меѓу 50 и 60 сантиметри, објавија денеска истражувачите кои стојат зад ова уникатно откритие.

Приматите, по долго истражување, беа идентификувани од страна на научници од Германскиот центар за примати и невладината организација „Фауна & флора интернејшнал“. Именувани се како „Попа лангур“ (popa langur), по планината Попи, свето место во средишните делови на Мјанмар.

Популацијата ја сочинуваат околу 200 до 250 мајмуни.

– Само што ги откривме и веќе можеме да кажеме дека Попа лангур е пред истребување, вели еден од истражувачите Френк Момберг.

„Фауна & флора интернејшнл“, во соработка со колеги од други здруженија, ќе спроведат дополнителни теренски испитувања и ќе се преземат мерки за спас на овој вид лангур од истребување, како што рече приматологот Нгве Луин од невладината организација, со седиште во Мјанмар.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail