ФОТО: Рисчето Деки порасна во голем рис кој господари со Маврово

ris3.jpg

Рисот Деки, кој Македонското еколошко друштво (МЕД) веќе петта година го следи со GPS околувратник, годинава ќе наполни 6 години. Овој шумски убавец првпат беше регистриран со помош на фотозамка во 2013 година.

На првата фотографија од левата страна, осуммесечниот Деки е сликан како се движи веднаш зад неговата мајка во Националниот парк „Маврово“, додека на фотографијата од десната страна фотографиран е минатата година како возрасен рис.

„Од февруари до јуни 2015 година движењето на овој рис го следевме и со помош на GPS околувратник. Така успеавме да утврдиме дека Деки е своевиден рекордер во однос на неговата индивидуална територија, којашто зафаќа 888 km2 и двојно ја надминува онаа на неговите соседи, рисовите Мартин и Марко“, велат од МЕД.

Истражувањата за балканскиот рис Македонско еколошко друштво ги спроведува 12 години во рамки на Програмата за закрепнување на балканскиот рис на територијата на Западна Македонија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top