Фото: Родено бебе тешко 7,3 килограми!

bebe.png

Во болница во Виленгтон, Нов Зеланд на свет пристигнало новороденче тешко дури 7,39 килограми и се претпоставува дека тоа е најтешкото бебе родено во Нов Зеланд.

Радиото Нов Зеланд јавува дека мајката, чиј идентитет не се открива, се породила во болница во Велинфтон и на свет го донела момчето тешко 7,39 килограми. Не постојат информации дали во оваа земја претходно било родено бебе со поголема тежина.

Породувањето било со царски рез и траело три часа. Бебето е долго 57 сантиметри и има двојно поголема тежина од нормалната. Од болницата било потврдено дека и мајката и бебето се добри.

Веројатно најтешкото момче на Нов Зеланд е вториот син во семејството. Првото бебе на мајката од градот Лоуер Хат било тешко 5,4 килограми.
Таткото на момчето изјавил дека неговите пријатели веќе прокоментирале дека неговиот син е наследник на Џон Лому, еден од најпознатите и најбогатите новозеландски рагби играчи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail