Фото: Семејство три години живее на брод во отворени води

brod.jpg

Иво и Мира ја напуштиле Бугарија пред 16 година и отпатувале во Канада во потрага по подобар живот.

Работеле напорно таму додека не ја откриле својата вистинска пасија- да пловат во отворени води, да бидат слободни и независни од правила, закони и влади, пренесува бугарска Нова тв. Пред три години двајцата купуваат сопствен брод, му го даваат името фатаморгана, ја земаат ќерка Маја и се впуштаат во долга егзотична авантура.

brod1

„Прво се роди идејата, благодарение на еден пријател, кого го сретнавме во Канада. Потоа идејата порасна во сон и конечно – во решение. Минаа години во читање на книги и статии за морепловство, едрење и во собирање на пари и подготовки. Животот на брод ни дава слобода да се шетаме низ светот заедно со нашиот дом, да патуваме и да сме на одмор нон-стоп, а не само 1-2 недели во годината. Со радост го напуштивме животот со сите негови даноци, трошоци, стрес, проблеми, рутина, народ, политика. Сега повторно имаме проблеми, но тие се од сосема друга природа“ – раскажуваат тие.

brod2
Примаат посетители за неколку дена, од што и заработуваат. Во Канада смениле неколку професии, а сега уживаат во патување.

brod3

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail