Фото: Тетовецот Игор Томески добитник на Нобелова награда

igor-1.jpg

Убава информација што ни доаѓа од Њујорк. Младиот Игор Томески од Тетово е добитник на Нобеловата награда за млади, што се доделува на најдобрите студенти од светот.

Игор има 20 години и студира филмска и театарска глума и режија во Њујорк . Со тоа младиот тетовчанец Игор стана првиот Македонец кој ја добива оваа престижна награда.

igor1

Тој беше номиниран минатата година од Националното американско здружение на високообразовни установи за неговите извонредни лидерски и научни способности, како и за комуникативност.

Наградата е востановена во 2002 – рата , а Томески е засега единствениот Македонец и втор од целиот регион, што ја добил Нобеловата награда за млади во износ од илјада долари.

igor2

Почесното здружение е основано од Кјелс Нобел, внукот на Алфред Нобел – основачот на Нобеловите награди, а негов претседател е Џејмс Левис, co седиште во Атланта, Џорџија.

Како што се наведува во образложението , Македонецот Игор Томески е двократен добитник на Нобеловата награда за драма, лидерство и визија за 2015 и 2016, за неговото дејствување во областа на филмот и театарот.

nobelova

Неговите дела се оценети од Клејс Нобел и другите Нобеловци, лауреати, како и од Ед Харис, холувудски оскаровец – актер, режисер, продуцент и сценарист познат по филмовите. “Beautiful mind” и “National treasure” .

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top