Фото: Тумор целосно изобличил манекенка

model.jpg

Вики Перез, манекенка за костими за капење, во исповед пред медиумите открила дека поради недијагностициран тумор на мозокот, се здебелила 20 килограми и целосно и се изобличило телото и покрај редовното вежбање.

Од модел со совршена фигура станала личност што се плаши да излезе од дома бидејќи лицето и набрекнало, а нозете толку многу и отекле.

Од 58 килограми дошла до 78 килограми за само една година и покрај тоа што секојдневно вежбала.

На крајот увидела дека нешто не е во ред и и бил дијагностициран Кушингов синдром, состојба што ја предизвикува високо ниво на кортизол, а лекарите дури подоцна сфатиле дека синдромот го предизвикал тумор на хипофизата.

– Вежбањето отсекогаш било моја страст. Тренирам секој ден. Бев шокирана кога сфатив дека лицето ми отекува, како и рацете и нозете. Толку бев отечена што морав да носам машки чевли, а облеката не ме собираше. Цело време се чувствував подуено и не сакав да излегувам од дома – изјавила Вики Перез.

Перез, која живее на Флорида, увидела дека нешто не е во ред со нејзиниот организам и поради необичен осип по рацете и телото, а во болница била однесена откако паднала во анафилактичен шок.

Наспроти многубројните тестови, лекарите никако не можеле да откријат ништо и велеле дека сè е во ред. Дури откако Вики посетила специјалист за Кушингов синдром во Алабама, ѝ бил откриен тумор на мозок. Перез сега заздравува и по две операции има 68 килограми и постепено се враќа во нормала.

Откако била оперирана, промените кај манекенката веднаш биле видливи. Два дена по операцијата, посочила Вики Перез, стапалата ѝ изгледале нормално.

– Бев возбудена, се чувствував одлично, но веќе по еден месец бев повторно во болница на втора операција. Оздравувањето беше тешко. Ме болеше кога се движев. Морав повторно да учам да одам и да трчам. Бев лута и плачев. Ми се сменија хормоните и мислев дека сум луда – изјавила Перез, која сè уште оздравува и сега дошла до 68 килограми.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail