Фото: Уникатен автомобил создаден од Ферари и Пинифарина

ferari.jpg

Дизајнерското студио Ferrari заедно со работилницата Pininfarina S.p.A развија нов автомобил. Тој носи сложено име SP 275 RW Competizione, а во неговата основа е моделот Ferrari F12berlinetta. Моторот сепак е помоќен, а менувачот е позајмен од лимитираната серија на моделот – F12tdf.

01-ferrari-sp275-rw-competizione-1

Од стандардната F12berlinetta новата машина се разликува најмногу по пропорциите, а исто така и проширените задни браници и присуството на вентилација од предните и задните крилја. Агресивниот стил се дополнува со изгледот на задното стакло.

ff1

Покрај тоа, моделот SP 275 RW Competizione добил уникатни светла, како и специјално подготвени 20-инчни тркала од лесна легура. Компанијата не го покажа ентериерот на автомобилот, а исто така одлучи да ги задржи во тајност и нејзините технички карактеристики. SP 275 RW е продвижуван од атмосферски V12 мотор со зафатнина 741 КС .. Ова и овозможува на суперколата да забрзува од 0 до 100 km / h за 3,1 секунди, а 200 km / h достигнува за 8,5 секунди.

ferrari_f12-tdf

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail