Фото+Видео: Пристигнува летечкиот автомобил „Либерти“ и ќе чини 400.000 долари

Холандската компанија „PAL-V“ уште во 2012 година го претстави прототипот на летечкиот автомобил, а пет години подоцна на купувачите ќе им ја понуди и првата продукциска верзија на ова необично летало.

Фирмата „PAL-V“,  која го разви летечкиот автомобил „Либерти“, тврди дека нивното возило е подготвено за секојдневна употреба и е во согласност со безбедносните прописи, како во патниот, така и во воздушниот сообраќај.

На почеток, во понудата ќе се најде ексклузивно лимитираната серија „Пионер едишн“ (Pioneer Editions) со 90 примероци, што ќе се продаваат по цена од 600.000 долари. Подоцна во продажбата ќе биде вклучен и базичниот модел на компанијата „Либерти Спорт“, што ќе може да се набави за „скромни“ 400.000 долари.

Леталата од типот на „либерти“  се еден вид жироплани и визуелно повеќе потсетуваат на хиликохптер отколку на класичен авион.

Сепак, за разлика од хеликоптерите, не можат да полетуваат вертикално, но доволна им е кратка писта за да полетаат, па од таа страна се многу практично решение за летачки автомобил.

Освен тоа, со нив е многу полесно да се управува, отколку со хеликоптер.

За да може да се управува со ова летало/возило, идните сопственици мораат покрај возачка дозвола да поседуват и дозвола за летање на жироплан, која како што се тврди од компанијата „PAL-V“, може да се добие по 30-40 часови обука.

Производителот вели дека за модификација на леталото од конфигурација на жироплан во автомобил потрени се само пет до десет минути. Кога ќе се најде на пат, „Либерти“ може да се движи со брзина до 160 километри на час.

Летачките автомобили ќе се изработуваат во Холандија, а се предвидува главниот пазар  да им биде Северна Америка.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail