Фото: Во овие пет населени места и пингвините се смрзнуваат

stud-3.jpg

Моментално мечтаете за бегство во потопли краеви? После оваа статија веројатно ќе сфатите колку сте среќни што не живеете во некое од следните места на земјината топка…

Веркхојанск

vvv

Секако, споменувањето на најстудените места не е можно без оние во Русија. Ако можеме да им веруваме на податоците од 2002 година, во ова градче живеат 1434 луѓе. Веркхојанск е сместен во пространствата на Сибир, а властите некогаш одамна таму ги протерувале политичките противници (уште одамна пред ерата на Сталин). Просечната температура во јануари изнесува 45 степени под нулата, а најстудената температура измерена досега била во 1892 година кога живата покажала -67.7 степени!

Интернешенал Фолс, Минесота

Uniquely Minnesota

Добро, тука не е ладно како во сибирските пространства, но сепак, Интернешенал Фолс е едно од најладните места во САД. Се наоѓа на границата со Канада, а дом тука нашле нешто повеќе од шест илјади жители. Просечната температура во ова место изнесува непријатни -19 степени.

Фрејзер, Колорадо

kolorado

Да останеме уште малку во САД. Ова село кое лежи на од прилика три илјади метри надморска височина, се наоѓа во близина на популарно скијалиште, а во него живеат 910 луѓе. Просечната годишна температура е 0 степени, а во јуни е под нулата.

Јакутск

j

Се враќаме повторно во Русија! Јакутск сигурно ви е познато како едно од полињата на популарната друштвена игра Ризик, но веројатно не знаете кои температури владеат тука. Уште во септември се` околу вас почнува полека да замрзнува, а таква е ситуацијата се` до пролет и до доаѓањето на март. Во јануари просечната температура е 36 степени под нулата, но околу 200 илјади жители со тек на време се навикнале на оваа клима.

Хел, Норвешка

hell

Местото кое стана познато благодарение на своето име (Hell). Така, во „Пеколот“ доаѓаат многу туристи само за да се фотографираат покрај натписите на кои пишува ‘Hell’, но повеќето од нив доаѓаат во некои потопли времиња. Имено, од декември до март тука владеат мразот и снегот, па Хел е попогоден за пингвини отколку за луѓе.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail