Фотографски натпревар „Вики ја сака храната“

viki.jpg

„Википедија на македонски јазик“ прв пат го организира фотографскиот натпревар „Вики ја сака храната“, посветен на храната, традиционалните јадења и специјалитетите во Македонија.

Право на учество имаат сите што ќе регистрираат (бесплатна) корисничка сметка на „Википедија на македонски јазик“ или „Заедничката ризница“ (Wikimedia Commons), при што сите фотографии мора да бидат прикачени за време на одржување на натпреварот: помеѓу 1 и 30 ноември 2017 година.
Најуспешните фотографии според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со парични награди од 100 до 400 евра.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top