deca-1.jpg

Францускиот Парламент конечно ја прифати забраната за користење мобилни телефони во основните училишта, што беше предизборно ветување на претседателот Емануел Макрон. Пратениците на партијата на Макрон, „Република во движење“, која има мнозинство претставници и пратениците на центарот го изгласаат текстот за законот во Долниот дом од Парламентот, а десницата и левицата беа воздржани, нарекувајќи го законот „комуникациска операција“, „политички оглас“ и „посебен закон кој „нема ништо да промени“.

Нацрт-законот забранува секаква употреба на каков било уред со можност за мрежно поврзување, како што се мобилните телефони и таблетите, во основните училишта во Франција каде што учат деца до 14 или 15 години. Исклучок е употребата на тие уреди во педагошки цели, за што ќе одлучува секоја училишна установа со своите интерни правилници , како и користење на тие уреди за деца со посебни потреби. Законот ќе се однесува и на воншколските активности како што е спортот.

Средните училишта можат, но не мора да ги забранат мобилните телефони и другите уреди со можност за мрежно поврзување, целосно или делумно. Францускиот закон за школството веќе забранува, врз база на законот од 2010 година, мобилни телефони во текот на наставата и на местата коишто се предвидени со интерен правилник.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail