pariz.jpg

Франција во текот на минатата година имала 82.6 милиони посетители, што е за 2 посто помалку од 2015 година.

САД истотака имала 3 посто помалце туристи од миантата година, поточно 75,6 милиони а Шпанија има забележано 10 посто поголема посетеност од минатата година, поточно 75,5 милиони.

На четвртото место се најде Кина со 59.3 милиони на туристи, па следи Италија со 52.4, а во топ 10 се наоѓаат и Британија, Германија, Мексико, Тајланд и Турција.

Како што е наведено во истражувањето, во предвид биле земени сите оние туристи кој преноќиле во некоја од овие земји. Сепак сите се разликуваат по приходот од туризмот.

На првото место се наоѓа САД со 206 милијарди долари, што преставува зголемување од 6.2 посто за разлика од претходната година, а ја следат Тајланд и Кина.

Франција која е прва по бројот на туристи, се наоѓа на петото место на листата за приход со 42 милијарди долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail