Франција наскоро ќе има такси возила на вода

seabubble2-900x506-768x432.jpg

Париз се подготвува да ги стави во функција новите такси возила за на вода. Возилата за кои се мисли дека ќе ја скратат далечината и ќе го олеснат сообраќајот се во финално тестирање и се очекува од септември официјално да бидат пуштени во употреба.

Овие такси возила се наречени „Меури на морето“ и моментално се тестираат на реката Сена. Овие возила имаат интересен футуристички изглед и комбинација на брод, автомобил и авион.

„Многу е едноставно. Се работи за комбинација на брод, автомобил и авион и затоа „Меурите на морето“ имаат ваков изглед. Тие поседуваат два електрични мотори за зголемување на брзината. Ние треба да ги промениме правилата бидејќи актуелните возила се така дизајнирани што создаваат бранови, прават врева, оставаат траги на масло и вадат црн чад“, вели Алан Тибот- изумител

Такси возилата за на вода во францускиот главен град меѓу другото се гледаат и како еколошка алтернатива и се очекува многу да придонесат во намалувањето на загадувањето.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail