18f718ef1de896681f2588eaff2c1f71_XL.jpg

Факултетот за туризам и бизнис логистика ја организира единаесеттата по ред Туристичко-гастрономска изложба на алтернативни форми за развој на туризмот.

Главна цел на изложбата е да го презентира културно-историското наследство од југоисточниот дел на Македонија. Ова е сведоштво кое нѐ доближува и нѐ внесува во нашето минато. Историјата векови наназад ја одбележува културата на нашите предци, а ние како нивни наследници ја чуваме и ќе им ја пренесуваме на нашите поколенија.

Изложбата ќе се одржи во Наставниот центар во Гевгелија (Факултет за туризам и бизнис логистика). Отворањето на изложбата е на 9 април 2019 година во 11 часот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail