ФТБЛ на „Дојди на Пониква, запознај го регионот!“

FTBL-na-Dojdi-na-Ponikva-zapoznaj-go-regionot.jpg

ФТБЛ на „Дојди на Пониква, запознај го регионот!“

Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип беше дел од настанот „Дојди на Пониква, запознај го регионот! во организација на канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје. Настанот, кој опфати излагања на вклучените стеикхолдери и планинарска тура до локалитетот Раткова скала, ги промовираше природните богатства на Осоговието како начин за унапредување на одржливиот туризам во Источниот плански регион.

Настанот претставува почеток на остварување уште една цел – зајакнување на локалната заложба за одржлив развој преку потенцирање невообичаени локални проекти, како и вмрежување на сите значајни актери за идните акции.

Дополнително, настанот го промовираше значајниот дијалог и соработка помеѓу владините и локалните претставници, како и поддршката од страна на над 20 претставници од меѓународната заедница во насока на понатамошна успешна соработка и унапредување на локалниот одржлив развој, меѓу кои активно е вклучен и Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип. Имено, деканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков, во соработка со директорката на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје, г-ѓа Ева Елерајт, е дел од платформата за креирање одржлив развој на програма која ќе ги унапреди економските можности во регионот, истовремено штитејќи го природното богатство – пред сѐ преку промоција на целите за одржлив развој.

Дојди на Пониква, запознај го регионот

Извор: УГД

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail