inteligenta.jpg

Компанијата ИНТЕЛИГЕНТА има потреба од веб програмери од почетно или средно ниво на искуство, за вработување со полно работно време. Отворени се две позиции за Full-stack PHP програмери.

Како предност ќе се смета солидно познавање на HTML/CSS/JavaScript, како и искуство со Materialize/ReactJS/AngularJS. Исто така, предност ќе имаат кандидатите со знаење на SQL, моделирање на податоци, верзионирање на код и почетно познавање на Linux.

Компанијата нуди развој на професионалната кариера прилагоден на личните потреби и очекувања на секој вработен, пријатна работна атмосфера и работни услови што обезбедуваат баланс помеѓу приватниот живот и професионалниот ангажман.

За сите вработени се планирани патувања и обуки за најнови технологии во странство, по што ќе бидат вклучени во иновативни проекти од областа на медицина, игри и виртуелна реалност, социјални мрежи и сл.

Сите заинтересирани кандидати треба да ја испратат својата професионална биографија на [email protected] . На разговор ќе бидат поканети кандидатите што се квалификуваат за овие работни позиции.

www: Inteligenta.io
e-mail: [email protected]
mobile: +389 75237430

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail