Футуристички концепт за решавање на сообраќајниот хаос

Илон Маск го најави концептот со тунели кои ќе го решат проблемот со сообраќајот. Овој концепт се базира на инфрастуктура од тунели кои се наоѓаат под земја. Компанијата Boring е најновиот проект на Маск која работи на изградба на мрежа од подземни тунели во Лос Анџелес низ кои автомобилите ќе се возат со електрично лизгање. „Лизгач ќе ги турка автомобилите низ тунелите со максимална брзина од 130 км/час, што е доволно брзо за од Вествуд до Лос Анџелес да се стигне за само 5 минути“ истакна Маск.

Тој ја покажа првата визуелизација на проектот. Автомобилите би ги привлекувал метален контејнер кој потоа ќе ги транспортира под земја. Електричните лизгачи тогаш ќе ги лансираат автомобилите низ тунелот. Маск изјави дека мрежата ќе вклучува 30 слоеви на тунели. Boring моментално гради демо тунел на паркингот на SpaceX, но ќе му бидат потребни дозволи од Лос Анџелес за да се прошири надвор. Интернет страницата на компанијата BoringCompany.com заживеа во петокот.

Всушност, тунелите ќе бидат еден вид цевки со мал вакум каде што нема аеродинамично забавување и возилата ќе можат да се движат со брзина блиска до брзината на звукот. Првата машина на Boring која се користи сега се вика „Нени“ (Nannie) и тежи 1.200 тони.

Маск жонглира со неколку проекти на Boring, вклучувајќи го и идниот „модел 3“ на Teslа и соларните покривни производи. Исто така, стартуваше и компанија Neuralink за вештачка интелигенција. Сепак, тој вели дека Boring Company му одзема само 2%-3% од времето.

„Тунелите се исклучително скап процес. Boring сака да ги намали трошоците со правење машини кои истовремено можат да копаат и да ставаат потпори во ѕидовите. Машините вообичаено копаат половина од времето, а потоа се враќаат за потпори на ѕидовите. Тоа е подолг и скап процес” вели Маск.

Boring планира да ги намали трошоците и за поголема ефикасност, искористување на енергијата и емитуваната топлина од машините за четири или пет пати. „Имаме домашно милениче полжав кој се вика Гери. Гери моментално се движи 14 пати побрзо од машинското бушење. Сакаме да го победиме Гери“ порача Маск.

извор: inovativnost.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail