G-7-samit-696x392.jpg

Групата Г-7 ќе донира 2,5 милијарди евра за образование на сиромашни девојчиња, јави ДПА, повикувајќи се на извор од домаќините на Самитот на групата во Ла Малбе.

Сумата е дупло поголема од поставената цел од 1,1 милијарди евра.

Средствата ќе бидат дадени на добротворни организации кои ќе обезбедат пристап до образование на сиромашни девојчиња.

Според проценките донираната сума ќе помогне на околу осум милиони деца да започнат со образование.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail