Германци направија течност која го штити екранот на вашиот телефон

Проектот „ProtectPax “ го работат двајца германски научници кои направија невидлива иновативна заштита за сите стаклени површини. Нивната формула за таканаречено течно стакло се состои од наночестички на титаниум диоксид кои ги исполнуваат микроскопските неправилности и длабнатини во стаклото и така го зацврстуваат со невидлив слој.

За да ги заштитите екраните доволно е да ги премачкате со неколку капки од оваа течност и да ја втриете со ткаенина. Таквата заштита има рок на траење од друи една година, а екранот ќе биде заштитен од удари гребнатини, пукнатини, дамки а дури и од вода. Стаклото третирано со ProtectPax ќе биде цврсто како рубин или сафир, велат креаторите.

Кампањата за финансирање на „Indiegogo“ трае уште дваесетина дена, а веќе ја надмина крајната цел од 20.000 долари. Почетната цена за две пакувања ProtectPax изнесува 17 долари, а испораката ќе почне во април.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail