Германците бараат работници и меѓу средношколците

v77.jpg

Германија планира да „увезе“ 120.000 лекари. Кадри се бараат за местата во Германија кои важат за побогати и понаселени.

Болниците и домовите за стари лица во Германија се подготвени да платат од 500 до 2000 евра за да најдат работник од странство кој пробно ќе работи 6 месеци.

Но,  побарувачката на кадри оди чекор понатаму, така што Германците веќе имаат поделено промотивни материјали и по училиштата во Србија. На овој начин Германците настојуваат да си ја обезбедат работната сила која ја немаат.

На учениците им нудат волонтирање, стипендирање, пракса, и вработување, а одличното знаење на германски јазик не е задолжително.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail