germanija.jpg

Агентите на германските тајни служби од оваа година ќе можат да стекнат специјално образование на факултетите, пренесува „Дојче Веле“, нагласувајќи дека целта на тоа е подобрување на соработката меѓу службите.

„Дојче Веле“ го открива случајот на 29-годишна девојка која не смее да го каже своето име поради нејзината работа, па се претставила како Луиза. Таа работи во Германската тајна служба “BND”, а на почетокот на годината, заедно со уште 50 други студенти, запишала магистерски студии “Intelligence and Security Studies”, што едноставно значи дека ќе стане магистер по шпионажа.

За време на двегодишните студии, Луиза и другите студенти ќе имаат различни можности – нема да ѝ предаваат само граници кои ќе ја учат на тоа каде се границите на разузнавачката работа, туку ќе ѝ предаваат и психолози, историчари, експерти за Исламот и научници кои се занимаваат со истражување на екстремизмот.

Спектарот на теми е прилично широк. Една наставна единица се занимава со социјалните мрежи со цел да се откријат навремено потенцијални кризни ситуации. Студентите ќе се обучуваат и за односот со таканаречените „В-луѓе“ (луѓе од доверба), односно лица од кои тајните служби добиваат информации од десничарско-екстремистичките и исламистичките сцени.

Психолозите ќе ги обучуваат идните германски магистри по шпионажа кога ќе може, а кога нема да може да им се верува на тие луѓе, соработници на тајните служби. Додека ова во Германија е новост, во другите земји како на пример Велика Британија и САД веќе со години може да се студира шпионажа.

Идејата за ова се родила пред четири години во кабинетот на канцеларката, но Германците нема да ги копираат студиите кои веќе постојат во Велика Британија и САД. Студиите во Германија ќе бидат достапни за соработниците на “BND”, но и Службата за заштита на уставниот поредок, воената тајна служба и самата армија. Покрај тоа, во иднина би требало да им се овозможи ова да го студираат и службениците на Бундестагот, министерствата, Сојузната служба за криминал и Сојузната служба за ИТ безбедност.

Долгорочно се планира на овој факултет да можат да студираат и припадници на странските борбени сили и слично. Но, во секој случај, тие нема да можат да ги посетуваат сите студиски програми – одредени студиски програми ќе им бидат достапни само на безбедносните служби на Германија.

„Оваа студиска програма во овој обем е уникатна во Европа. Затоа што, обидот да се стават сите безбедносни актери под една капа, на други места често пропаѓа поради егоизмот на одредени ресори“, изјави професорот Јан-Хендрик Дитрих, еден од раководителите на програмата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail