Германската компанија „Лилиум“ од Минхен го претстави прототипот на летачко такси со пет места, јавува „Анадолија“.

„Lilium Jet“ е дел од услугата за летање со такси која германската компанија тврди дека целосно оперативна во различни градови низ светот ќе биде до 2025 година.

Летечкиот електричен таксист може да надмине 300 километри за само 60 минути со само едно полнење.

Се планира корисниците да нарачаат превоз преку апликацијата за паметни телефони, и интересно е дека оваа услуга не би чинела многу повеќе од возење на конвенционално такси.

“Ние направивме огромен чекор кон мобилноста во воздухот. Нашиот сон е свет во кој секој може да лета каде што сака”, вели Даниел Виганд, коосновач и извршен директор на „Лилиум“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail