Германија бара 1.000.000 работници

germanija.jpg

На Германија ѝ недостасуваат стручњаци – повеќе од кога било порано. Недостатокот на стручна работна сила на економијата ѝ носи загуба од околу 30 милиони евра. Дали во Германија е навистина лесно да се најде работа, анализира Дојче веле.

Работа има, а нема работници – и тоа е голем проблем на кој укажуваат сѐ повеќе германски фирми. На Германија во моментов ѝ недостасуваат 440.000 висококвалификувани работници.

Само во електроиндустријата има кусок од 50.000 инжинери, во ИТ-секторот околу 55.000 стручњаци, додека во машиноградбата околу 11.000 – односно 50% повеќе од минатата година.

Во меѓувреме дури 60% од германските фирми истакнуваат дека недостатокот на квалификувани работници им е најголем деловен проблем.

Според некои прогнози, на Германија во 2030 година може да ѝ недостасуваат преку 3 милиони квалификувани работници.

Во моментов слободни се преку 1 милион работни места, но има и исто толку долгорочно невработени лица.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail