Германија бара 8.000 работници!

germanija.jpg

Германската железница (Deutsche Bahn) е во потрага по нови работници. како што пишуваат германските медиуми се бараат дури 8.000 работници.

Работниците не ора да бидат млади, туку можат да имаат и повеќе од 50 години, треба само да имаат долгогодишно искуство во работите како инженерство и електроника.

– За тоа мораат да имаат добри препораки и добро искуство, изјавил Улрих Вебер, шеф на службата за вработување во Германската железница.

Освен инженери, железницата бара и работници за снимање на реклами.

– Не сакаме да ангажираме глумци и познати личности за реклами, туку вистинскилуѓе кои нас едноставно и искрено ќе не претстават на плакатите, напоменал Вебер.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail