elektricni_auto_2_984972687.jpg
Германија ги зголемува субвенциите за електрични автомобилиОбјавено пред 3 часа – 11 ноември, 2019Од Макфакс
Германската влада сака до 2030 година на своите патишта да има 10 милиони електрични возила како дел од стратегијата за зајакнување на сопствената автомобилска индустрија во однос на САД и Кина, пренесува „Ројтерс“.
Претходно оваа недела, „Фолксваген“ почна со производство на електричен хечбек ID.3, кој, без да се земат предвид државните субвенции, ќе чини 30.000 евра. Според аналитичарите на „Еверкор ИСИ“, ревидираните стимуланси на домашниот пазар ќе ја намалат цената на овој автомобил на речиси 24.000-25.000 евра.
„Фолксваген“ објави дека фабриката во Звикау ќе произведува 100.000 електрични возила в година зголемувајќи го годишното производство на 330.000 до 2021 година. Досега, повеќе од 35.000 клиенти изразиле интерес за електричен ID.3.
Канцеларката Ангела Меркел изјави дека Германија ќе инвестира 3,5 милијарди евра во изградба на инфраструктура за полнење електрични автомобили до 2035 година ветувајќи еден милион станици за полнење до 2030 година.
Германија моментно е втор по големина пазар на електрични автомобили во Европа, веднаш зад Норвешка, со продадени речиси 53.000 електрични автомобили годинава.
Промените за субвензионирање на електричните возила се очекува да стапат во сила овој месец и да останат активни до 2025 година.
извор: макфакс
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail