Германска компанија вработува 100 возачи од Македонија

hoyer.jpg

Хојер е интернационална логистичка компанија која важи за еден од водечките превозници на течности, хемикалии, прехрамбени производи и гас преку патен, железнички и морски сообраќај. На пазарот во Германија работат веќе 70 години, а во моментов дејствува преку повеќе од 115 канцеларии ширум целиот свет.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Согласно нивните потреби за транспорт преку македонската компанија Декра бараат 100 возачи на камион за превоз на течни материи.

Работното место предвидува 208 работни часа месечно и платено време на мирување (Bereitschaftszeit) кое е максимално до 57 часа како и организирање и обезбедување на сместување од страна на компанијата во првите 6 месеци.

Целиот оглас може да го погледнете преку следниот линк.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top