Германската економија во пораст, особено градежништвото

germanija-3.jpeg

Сите сектори на германската економија забележаа раст во вториот квартал од 2018 година, според деталните статистички податоци објавени денеска, што покажува дека земјата има сила да се справи со американските трговски пречки.

Државните трошоци, инвестициите и приватната потрошувачка поттикнаа раст во периодот април-јуни, според податоците што ја потврдуваат првичната проценка на растот на БДП од 0,5 отсто, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Инвестициите во градежништвото и државната потрошувачка забележаа највисок раст од 0,6 отсто. Приватната потрошувачка се зголемува осумнаесет месеци по ред.

Овие бројки го потврдија трендот на сè посилно потпирање на најголемата економија во Европа на домашните двигатели за раст, бидејќи извозот слабее.

Федералниот завод за статистика, Дестатис, рече дека извозот во набљудуваниот квартал порасна за 0,7 проценти, додека увозот е зголемен за 1,7 проценти.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail