612211_nemacka_ls.jpg

Герлиц, град со 56.000 жители во германската сојузна држава Сакс на самата граница со Полска, по примерот на некои други европски градови сака да привлече потенцијални идни жители во него. На заинтересираните кандидати им нуди бесплатно сместување од еден месец, а за возврат не бара ништо, освен да размислите дали еветуално би го избрале како идно место за живеење. Ако тоа не го сакаш, може да се вратиш без никакви обврски.

Досега во градската управа се пријавиле 150 заинтересирани да поминат по еден месец бесплатно во Герлиц – Германци од други градови, жители на европски земји, а неколку пријави пристигнале дури и од САД.

Иако Герлиц, поради сочуваното старо градско јадро, годишно го посетуваат по 150.000 туристи, уште до паѓањето на Берлинскиот ѕид мака мачел со иселувањето на своите граѓани.

извор: mms.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail