germanija.jpg

Сè повеќе германски компании имаат проблеми со пронаоѓање работници, покажа извештајот на Здруженијата на германските комори за трговија и индустрија. Проблемот со пронаоѓањето нови работници во годинешниот извештај го навеле 49 отсто од компаниите, утврдиле од Здруженијата на коморите.

Особено големи тешкотии изразиле во градежниот сектор, што го кочи проширувањето на дигиталната инфраструктура, оценуваат од Здруженијата на коморите.

Сè поголеми проблеми се јавуваат во секторот на електрично инженерство во кој многу компании имаат проблеми со пронаоѓање работници со потребните квалификации. Повеќе од половина од анкетираните компании денеска се подготвени да бараат работници и надвор од ЕУ, се наведува во извештајот.

Досега во Германија дошле речиси 40 илјади работници од земји надвор од Европската Унија, вели лидерот на Здруженијата, Аким Дерк, предвидувајќи зголемување на нивниот број до шестцифрени вредности.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail