rabotnik-nagrada.jpg

Поради недостиг на работна сила, компаниите во Словенија ги наградуваат своите вработени со 250 евра ако донесат или препорачаат нов работник.

Таков е случајот со компанијата„Akrapovič“. За Аваз од компанијата велат дека поради немањето работници морале финансиски да ги помогнат вработените да им најдат луѓе.

„Секој нов работник мора да помине шест месеци пробна работа, така што сега сме во фаза на избор на работници. Со оваа кампања вработивме околу 80 луѓе“- велат оттаму.

Новите работници се од земјите од регионот, односно скоро половина или 35 се од БиХ.

Тие добиваат помош за да најдат сместување, а работодавецот им плаќа курс по словенечки јазик.

Се зголемува побарувачката на работници од БиХ во Словенија и тоа може да се види низ податоци.

24.216 работни дозволи за во Словенија се издадени од 2013 година до крајот на април оваа година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail