Гимназија Нова вработува лице за работа во кафетерија

nova-international-logo-0519.fw_.png

Потенцијалниот кандидат треба да биде организирана личност, со способност за тимска работа и добри комуникациски вештини, која ќе ги почитува и поддржува училишните политики во однос на организирање, ракување со и сервирање на храна, како и одржување на хигиена. Пожелно е кандидатот да има завршено угостителско училиште и да поседува сертификат за работа со храна.

Работни задолженија:
•    Организирање на набавка и прием на прехранбени артикли
•    Услуга на ученици и работен персонал со храна и пијалоци во текот на работниот ден
•    Работа на каса
•    Одржување на хигиената во кафетеријата и грижа за инвентарот
•    Поддршка на настани (кетеринг) организирани од училиштето

Потребни квалификации:
•    Завршено средно образование, предност имаат кандидати со завршено угостителско училиште
•    Добро познавање на англискиот јазик
•    Препорачливо е претходно работно искуство со ракување со храна

Заинтересираните кандидати треба да ги поднесат електронски ([email protected]) следниве документи: CV, сертификат за завршено средно образование, други релевантни сертификати. Краен рок за поднесување на документите е 4-ти август, 2017.

Избраните кандидати ќе бидат известени и поканети на интервју.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail