Ѓоковиќ заработува по 9.4 милиони годишно од „Лакоста“

djokovic-1.jpg

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пред нешто повеќе од една година го промени главниот спонзор и од „Уникло“ премина во „Лакоста“. Тој беше пет години најголем амбасадор на јапонската компанија, но одлучи да ја промени и да се заложи за соработка со францускиот гигант.

Иако деталите од договорот не беа обелоденети, шпекулира дека е еден од најпрофитабилните договори во историјата на „белиот спорт“, а по големиот успех на грен слемот Вимблдон и четвртата титула беше откриено за која сума е завршена работата.

„Лакоста“ му плаќа на Ѓоковиќ по 9,4 милиони долари годишно (договорот е склучен за период од пет години), што е помалку од 15 милиони евра, како што пишуваа поголемиот број на светските медиуми.

Според достапните информации на Форбс, најдобриот српски тенисер во изминатите 12 месеци (од мај 2017 година до мај 2018 година), заработил вкупно 23,5 милиони долари, но само 1.5 милион од награди на турнирите. Вкупно 22 доби од спонзори, меѓу кои се „Лакоста“, „Хед“, „АСИКС“ и „Сеико“.

Новак неодамна го продолжи договорот со „Хед“ што му носи по 7.5 милиони долари годишно, од производителот на патики има четири милиони, додека „Сеико“ му исплаќа по пет милиони евра за 12 месеци. Потврдено е дека договорите со „Пежо“, „Џејкобс крик“ и „Одемар Пиге“ не се продолжени.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail