„Ѓурѓа“ ќе го промовира првиот наслов од едицијата „Мацедонише цуштенде“

mojata-makedonska-prikazna.jpg

Првата независна издавачка куќа во Македонија – „Ѓурѓа“, која оваа година одбележува 30 години постоење, в четврток во Галеријата на Младинскиот културен центар ќе го промовира првиот наслов во новата едиција „Мацедонише цуштенде“ (Македонски состојби) – книгата „Мојата македонска приказна“ од академскиот сликар и публицист Ацо Станкоски.

– Во текстот, авторот, со својот препознатлив остар и директен полемички начин на изразување, го изнесува својот став за актуелниот општествено-политички миг во Македонија. Интересен е фактот што Станкоски, всушност, во книгата полемизира и споменува повеќе од 100 личности актуелни на политичката и културната сцена во земјата, информира „Ѓурѓа“ за книгата на Станкоски, која задутре ќе ја промовираат новинарката Мирка Велиновска и амбасадорот Ристо Никовски.

АЦО СТАНКОВСКИ КНИГА

Издавачот соопшти дека во едицијата „Мацедонише цуштенде“ во различни публицистички форми на читателите ќе им претставува истакнати ликови од областа на уметноста, науката, стопанството и политиката во Македонија кои со својот став и делување учествувале во менувањето на нашето општеството или учествуваат во неговата актуелна промена.

– Едицијата има амбиции да стане двигател на продуктивна полемика и соочување на различни ставови по принципот „на книга со книга“, посочува „Ѓурѓа“. Својот прв наслов оваа издавачка куќа го објави во 1987 година (стихозбирката „Римјани“ од Паско Кузман) и оттогаш има објавено над илјада наслови од најразлични области.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail