Гласаа студентите на „Архитектонски“ за членови и претседател на Факултетското собрание

79406780_3510233759017474_8666660557790642176_n-702x336-1.jpg

Претседател и членови на Факултетско собрание бираа денеска студентите од „Архитектонскиот факултет“ при УКИМ. Право на глас имаа студентите од сите пет години, кои бираа по пет претставници за новото собрание, од секоја студентска година.

„До 13:30 часот излегле да гласаат 35 отсто од студентите. Најголема излезеност има од студентите од четврта година, а најмала од прва“, информираше Јован Ивановски, професор и член на изборната комисија.

Од изборната комисија велат дека во текот на гласањето немало никакви проблеми, а после овие избори очекуваат само позитивни промени.

Дел од студентите не сакаа да разговараат на темава, а неколкумина пак прокоментираа за Радио МОФ. Велат дека неависно од резултатите од изборите, ги радува идејата за Факултетското собрание.

Изборите траеја од 10 до 14 часот, како последни во низата на студентски избори при УКИМ. Последни ќе гласаат студентите од Земјоделскиот факултет, на 20 декември.

извор: радиомоф

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail