Global Game Jam Македонија 2020

ggjm20-finki6281.png

Последниот викенд во Јануари, веќе осма година по ред, е резервиран за најголемиот регионален настан посветен на развивање видео игри – Global Game Jam Македонија 2020. Македонија секоја година котира во врвот на листата по бројот на игри создадени за време на настанот по глава на жител – досега се создадени 180 видео игри во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти. Оваа година сакаме да го подобриме тој пласман, преку зголемување на бројот на учесници, па така #ggjm20 ќе се случува на три локации: Скопје, Битола и Охрид.

Global Game Jam е најголемиот интернационален настан за креирање на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48­ часовен маратон. Оваа година ќе се случува од 31ви јануари до 2ри февруари и како дел од International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка, едукација и експериментирање.

Global Game Jam Македонија 2020 очекува преку 300 учесници на локациите во Скопје, Битола и Охрид. За нив ќе обезбедиме непрекинат интернет пристап,  оброци, грицки, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и одмор. Очекуваме да продефилира публика од над 5000 луѓе на отварањето, затварањето и во текот на целиот настан.

Нашите учесници се професионалци и студенти од ИТ индустријата, ентузијасти и креативци. На #ggjm20 ќе се сретнат:

  • Девелопери, 2Д и 3Д артисти, графички дизајнери, саунд дизајнери, продуценти и гејм дизајнери, DATA scientest, експерти за монетизација и социјални медиуми,…
  • Високо мотивирани, трендсетери и идни лидери во IT индустријата
  • Просечната возраст на нашите учесници е 25 години
  • Барем 50% од нашите учесници работат како професионалци во ИТ индустријата
  • Тие се почитувани членови на IT и on-line заедницата во Република Македонија

За повеќе информации околу настанот како и фотографии од претходните години може да добиете на нашата web страна: http://gamejam.mk,
а доколку сакате да се приклучите, помогнете или да се промовирате на нашиот настан, контактирајте не на [email protected].

Македонска Асоцијација за развивање игри – МАГДА
Скопје, Битола, Охрид

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail