Глобална недела на претприемништво – „И стартап е опција“

0c1c4b0057b5b143ed120ea342a289df_XL.jpg

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип преку новоформираниот Центар за трансфер на технологии ќе се вклучи во одбележувањето на Глобалната недела на претприемништво која трае од 18 до 24 ноември 2019 г.

Глобалната недела на претприемништво е прослава на иноваторите и креаторите на работни места во 170 земји од над 15.000 партнерски организации кои промовираат стартапи кои носат идеи, водат економски раст и ја прошируваат човековата благосостојба.

Во вторник (19 ноември 2019 г.) во свечената сала на Правниот факултет ќе се одржи панел-дискусија „И стартап е опција“. Учесници на панелот се:  проф. д-р Дејан Мираковски (проректор за развој, инвестиции и одржување на УГД), м-р Кшиштоф Малицки (советник на ректорот на Политехничкиот универзитет Гдањск за комерцијализација на интелектуална сопственост), д-р Игор Андреев („Х фактор акцелератор“) и Марио Мирсинов (претприемач од Велес).

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail