afrikanec.jpg

Државјанинот на Јужноафриканската Република, Мандла Масеко, кој требало да стане првиот црномурест Африканец во вселената, загинал во сообраќајна несреќа во Преторија.

Во текот на 2013-та година Масеко бил избран меѓу милион кандидати за едно од 23-те места во Вселенската академија во САД. 

Тој минал една седмица во вселенскиот центар Кенеди во американската држава Флорида, каде правел тестови поради подготовка за лет во орбитата.

Масеко ги носел прекарите “Афронаут” и “Вселенско момче”.

Тој изразил желба да направи нешто што би ги мотивирало и инспирирало младите луѓе во Африка, за да им покаже дека можат да постигнат се што сакаат без разлика на тоа од каде доаѓаат.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail