Гоце Ристовски добитник на наградата „Ergo sum“

goce.jpg

Македонскиот писател, новинар, литературен и театарски критичар и декан на Факултетот за театарски уметности ЕФТТА Скопје-Париз-Есен-Ротердам Гоце Ристовски е добитник на престижната меѓународна награда „Ergo sum“ што се доделува за особен придонес во театарската критика и теорија.

Наградата му се доделува за серија текстови објавени во театарската периодика и трудови презентирани на повеќе меѓународни научни симпозиуми. Наградата ќе му биде врачена денеска на пладне на Меѓународниот саем на книгата во Скопје со пригодна свеченост на штандот на книгоиздателството „Феникс“.

Бесада за лауреатот ќе одржи и наградата ќе му ја врачи м-р Трајче Кацаров, главен уредник на списанието за уметност „Сум“ што традиционално ја доделува наградата.

– Редакцијата на списанието „Сум“ поаѓајќи од фактот дека во последните години се помалку му се приоѓа на театарот од теоретски аспект со наградата сака да ги поттикне познавачите на театарската уметност: драматурзите, театарските критичари и театролозите да дадат свој придонес во афирмацијата и популаризацијата на театарскиот израз, т.е на сценската реалност, се вели во образложението на редакцијата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail