Годинава од рак ќе умрат повеќе од 9 милиони луѓе

rak.jpg

Истражувачите на Светската здравствена организација (СЗО) проценуваат дека оваа година од рак ќе заболат 18 милиони луѓе и дека од оваа болест годинава ќе починат повеќе од 9 милиони луѓе.

Меѓународната агенција за истражување соопшти дека во најголем број ќе починат заболени од рак на белите дробови, па од рак на дојката и од рак на дебелото црево.

Процената на оваа агенција е базирана на податоци од 185 земји во светот според кои еден од пет мажи и една од шест жени во текот на животот заболуваат од рак.

Според истите податоци, повеќе од половина од смртните исходи од рак се во Азија, каде што живеат околу 60 отсто од светската машка популација.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top