Годишен концерт на градскиот мешан хор „Вардар“

концерт-хор1.jpg

Во петок ќе се одржи годишниот концерт на градскиот мешан хор „Вардар“ – Скопје. Концертот ќе започне од 20 часот во Музејот на македонската борба. Диригент ќе биде Јасмина Ѓорѓеска.

Градскиот мешан хор “Вардар” – Скопје е формиран во 2000 година на иницијатива на четириесетина ентузијасти кои ја продолжуваат долгата традиција на хорско пеење во академскиот хор “Мирче Ацев” под водство на маестро професор Драган Шуплевски, прв диригент на чиј предлог е востановено името на Хорот.

– Градскиот мешан хор “Вардар” е значаен фактор во музичкиот живот на Република Македонија. Своето успешно уметничко патешествие го започнаа со познатиот диригент Илија Атанасов. Овој диригент со своето единствено и суптилно чувство за музичка интерпретација стана душата на музиката која ја создаваше ансамблот. Репертоарот на хорот го сочинуваат разновидни музички дела: од македонската народна музика преку духовна музика па сé до најкомплицирани дела на современи македонски и странски автори – е наведено на нивната фејсбук страна.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail