d4237499332a8274e1ec6acd1b081154_XL-1.jpg

Од 12 до 14 јуни 2019 год. на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Бреша, Италија, проф. д-р Ленче Милошева учествуваше на Годишната конференција на Советот за докторско образование на Европската асоцијација на универзитети.

Во улога на советник за наука и научна соработка на Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип, во 2018 год. по нејзина поднесена апликација УГД доби полноправно членство во Советот за докторско образование (EUA-CDE).

Фокусот на конференцијата беа различните начини на кои докторандите и докторското образование се поврзани и придонесуваат во општеството, како и политиките и праксите во европските земји. Беа споделени различни искуства на теми за релациите помеѓу докторското образование и одржливите развојни цели, интерсекторската мобилност и научна соработка, и линкот помеѓу науката, комуникациите и докторското образование.

Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип е единствен универзитет во регионот кој стана полноправен член во Советот за докторско образование на европската асоцијација на универзитети (EUA-CDE).

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail