Годишната обука на вработените на УЈИЕ се одржува според условите во време на пандемија

Godishnata-obuka-na-vrabotenite-na-UJIE-se-odrzuva-spored-uslovite-vo-vreme-na-pandemija.png

Годишната обука на вработените на УЈИЕ се одржува според условите во време на пандемија

Универзитетот на Југоисточна Европа во новата академска 2020-2021 година ќе ја организира наставата со физичко присуство и онлајн. Ова го побраа студентите, изјави ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во вториот дел од обуката на вработените на Универзитетот, на тема: Функционирање на Универзитетот во услови на пандемија: одржување на квалитетот, што се одржува од 19 до 21 август.

Говорејќи за функционирањето на Универзитетот во новата академска година, ректорот Беџети рече дека Универзитетот има просторни капацитети, подготвен кадар и технологија за реализација на квалитетна настава во согласност со препораките на здравствените организации и Министерството за образование.

Во својот преглед, ректорот Беџети истакна дека за време на пандемијата со Ковид-19, Универзитетот докажа дека е подготвен и е единствениот универзитет во државава, кој го замени класичното предавање со онлајн настава истиот ден кога тоа го препорача Министерството за образование. На повеќето универзитети во земјава им беше потребно повеќе од една недела да овозможат онлајн настава.

„Следниот предизвик е институционална прилагодливост, со почитување на барањата на студентите, одржување на квалитетот и зачувување, пред сè, на здравјето на студентите и вработените“, рече ректорот Беџети. Тој потенцираше и некои од достигнувањата на Универзитетот во првиот семестар, како што се: транспарентност и успешно управување при изборот на новиот состав на Одборот, изборот на новиот претседател на Одборот и успешното управување со онлајн наставата и финансиската одржливост.

Ректорот Беџети ги сподели и активностите што ќе се реализираат од академски аспект во новата академска година.

„Планираме ревизија на наставната програма, ревизија и прилагодување кон потребите на времето на наставните материјали, додека оценувањето на студентите ќе се прошири и ќе биде на неделна основа. Ќе има и принова во академскиот кадар врз основа на заслуги, особено од студенти на докторски студии, како и консолидирање на кадар кој ќе предава во новата студиска програма „Архитектура и дизајн“ , рече ректорот Беџети.

Во врска со конкретните активности, динамиката и другите иновации во наставата, зборуваше проректорот за академско планирање и дигитализација, проф. д-р Владимир Радевски.

Проректорот за истражување и меѓународни односи – проф. д-р Беса Арифи – имаше излагање за постигнувањата и предизвиците во истражувањето.

За буџетот и буџетското планирање презентираше проректорот за планирање и претприемништво, проф. д-р Бесник Фетаи.

За онлајн наставата: искуствата од САД презентираше проф. Фарида Паун од Универзитетот во Индијана.

Обуката ќе заврши во петок (21.август), а во рамките на клучната тема, во сесиите и работните групи, ќе бидат опфатени и други конкретни теми поврзани со новите услови создадени од пандемијата со Ковид-19.

Канцеларијата за обезбедување квалитет која е организатор на оваа обука се погрижи за почитување на сите протоколи и препораки за заштита на здравјето на вработените и сите други учесници.

Извор: УЈИЕ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail