Голем напредок: Батериите ќе траат три пати подолго и ќе се полнат за пократко време

tocka-224743.png
Научниците моментално работат на развој на батерија која што ќе има поголем капацитет, ќе се полни за пократко време, а покрај тоа ќе биде и поевтина.

 

Денес најголемиот број на паметни телефони, но и други електронски уреди, се наоѓаат литиум-јонски батерии во чиј што развој учествуваше и Џон Гуденаф. Токму неговите откритија кои се применети на батериите на почетокот на осумдесетите години го означија почетокот на мобилната електронска револуција.

Сепак, таквите батери имаат бројни ограничувања – немаат голем капацитет, траат премалку за да ги задоволат барањата на најмодерните уреди, а во одредени случаеви се појавуваат и посериозни проблеми – се запалуваат и експлодираат.

Иако има 94 години, Гуденаф и ден денес е активен и моментално работи на развој на издржливи батерии кои што во иднина би можеле да ни овозможат подолго користење на електронските уреди без да има потреба често да ги полниме.

Новата формула која што ја развил Гуденаф овозможува складирање на тројно поголема количина на енергија во батериите во однос на денешните литиум-јонски батерии – течниот електролит е заменет со „цврст“ електролит кој што содржи стаклени компоненти и се покажало дека покрај тоа што батериите ќе имаат поголем капацитет, тие ќе можат за пократко време да се наполнат, да работат без проблеми на ниски температури, а елиминирана е и опасноста од експлозија.

Исто така, Гуденаф во батериите го заменил литиумот со натриум како клучен елемент, а со оглед на тоа што натриумот е пораспространет елемент во однос на литиумот (може да се добие и од морска вода), тоа значи дека новите батерии би биле поевтини за изработка.

За жал, истражувањата на Гуденаф и натаму се во рана фаза од развојот и веројатно ќе помине доста време пред ваквите батерии да станат комерцијално достапни и најголемите компании започнат да ги вградуваат во своите електронски уреди.

Дотогаш, ќе мора да носиме полначи со нас, да купуваме ектерни батерии и полначи и да „ги штедиме“ нашите паметни телефони и други електронски уреди на батерии.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail