Голем прозведувач на автомобили гради фабрика во Србија

rimac.jpg

04.12.2017., Zagreb - Svecana dodjela titule gospodarstvenika i gospodarskog dogadjaja godine te proglasenje najboljih malih i srednjih poduzetnika u 2017. godini u sklopu projekta Poslovni uzlet u organizaciji Vecernjeg lista i Poslovnog dnevnika odrzana je u Hotelu Esplanade. Mate Rimac. Photo: Goran Stanzl/PIXSELL

Мате Римац, основачот на Римац Автомобили, вчера на Фејсбук профилот објави дека една голема германска автомобилска фирма ја избрала Србија како локација за својата фабрика на електрични погонски состави, пренесе пословни.хр.

„Вчера бев на собир на управата на една голема германска автомобилска фимра (има приходи скоро на ниво на хрватски БДП). Бараа локација за изградба на производствен погон за електрични погонски системи во Источна Европа.

15 држави се натпреварувале. Хрватска не беше ни меѓу овие 15. На крај ја избраа Србија. Таму ќе се произведуваат илјадници погонски состави за електрични автомобили – за многу европски премиум автомобили.

Со тоа поради проактивноста на српската влада договориле уште еден голем проект, но не е на мени да објавам за што се работи. Жал ми е што не сум знаел порано за тоа за да реагирам Хрватска да се земе предвид. Но можеби така е и подобро-веројатно би бил тотален waste of time бидејќи не би било прв пат тоа да го правам“, пишува Римац.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail