Голем скандал: Мислевте дека никој не може да ги прочита вашите шифрирани пораки од “WhatsApp”? Се лажете…

whats-app-presretnuvanje-na-poraki-01.jpg

Сервисот за пораки “WhatsApp”, секогаш истакнува дека допишувањето преку таа мрежа за комуникација е шифрирано и заштитено, но сега било откриено дека не е баш така.

Како што пишува британски Guardian, Фејсбук има можност да ги чита сите пораки кои се разменуваат преку “WhatsApp”. Иако водечките луѓе на најголемата социјална мрежа на светот тврдат дека пораките преку WhatsApp е невозможно да се пресретнат и прочитаат, новото истражување покажало дека Фејсбук и тоа како има начин да ги чита вашите пораки, а сето тоа благодарение на посебен програмски код кој го овозможува тоа, наведува британскиот весник.

Борците за заштита на приватноста истакнуваат дека оваа вест претставува “огромна закана за слободата на говорот”, предупредувајќи дека податоците може да бидат злоупотребени од страна на разузнавачките агенции и влади. “WhatsApp” токму поради своите енкрипции кои секогаш ги истакнува, станало едно од омилените средства за комуникација на дипломатите, политички дисиденти и активисти.

Таканаречената “end-to-end” енкрипција се потпира на генерација единствени безбедносни програмски клучеви, кои користат “Сигнал протокол”, кој гарантира дека комуникациите и информациите кои се разменуваат преку “WhatsApp” не може да бидат пресретнати од страна на трето лице.

Меѓутоа, “WhatsApp” има можност да пресретне и чита пораки од своите корисници, така што на време прави нови енкрипции за кои не ги известува своите корисници, пишува Guardian. На тој начин, овозможува “влез на задна врата”, со помош на што може да се читаат пораките кои корисниците ги разменуваат.

Ова откритие се припишува на криптографот Тобијас Белтер, кој работи на универзитетот Беркли во Калифорнија.

“Доколку Владата на некоја земја од “WhatsApp” побара податоци за комуникацијата на одредени луѓе, компанијата многу лесно може да им ги пружи тие информации, благодарение на честите промени на програмските клучеви”, рекол Белтер за Guarian.

Белтер своето откритие уште во април го пријавил во матичната компанија која го контролира “WhatsApp” – “Facebook”, но добил одговор дека компанијата е свесна за тоа.

Тврдењата на Белтер ги потврдил и Стефен Тор Јенсен, лидерот на Европско-бахреинската организација за човекови права, кој е задолжен за заштита на информациите.

“”WhatsApp” со константната промена на безбедносните програмски клучеви, за што не ги известува своите корисници, претставува опасна платформа. Апликацијата може да ја проследува комуникацијата без вашето знаење”, рекол Јенсен.

Слично мислење има и професорот Кристи Бол, основач на Центарот за Истражување на информации, надзор и приватност, кој енкрипцијата на “WhatsApp” ја нарекол “златен рудник за разузнавачките агенции”.

“Станува збор за огромна закана за слободата на говорот, бидејќи секој може да гледа во тоа што го пишувате, иако вам сервисот ви вели дека сте безбедни. Корисниците обично велат дека немаат што да кријат, но немаат поим за тоа какви информации им се потребни на тие кои ги гледаат”, вели Бол.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail