Голема промена на грчки остров: Одлука која на многумина ќе им го промени животот

LFGXB-donousa.jpg

Грчкиот остров Донуса, оваа година одлучи да ги промени навиките кога е во прашање природната средина и да стане еколошки поосвестен.

Со цел да се намали загадувањето на природната средина, грчките власти, во рамки на кампањата „Sea change Greek Island“, одлучиле токму Донуса да стане првиот остров кој ќе ги исфрли пластиките за еднократна употреба.

Кампањата започнала пред една година во Сикинос, каде пластичните сламки се ифрлени од употреба.

На овој начин ќе ги натераат и произведувачите да го прилагодат и намалат производството на пластика за потребите на жителите на споменатиот остров.

Активностите на Донуса почнуваат на 5-ти април, со информирање на локалното население и исфрлање на еднократната пластика од продажба.

Идејата е оваа акција да се прошири на сите грчки острови.

извор: точка.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail